Прв концерт на Филхармонијата од циклусот „Виртуози“ во 2013-та

Од:

Македонската филхармонија задутревечер ќе го изведе првиот концерт во 2013 година од циклусот „Виртуози“, на кој солист ќе биде јапонската виолинистка Акико Суванаи. Концертот ќе го води српскиот диригент Владимир Куленовиќ, кој живее и работи во САД.

Суванаи со Македонската филхармонија ќе го изведе епскиот Концерт за виолина и оркестар на Антонин Дворжак и првпат на македонска сцена „Романските фолклорни танци“ од Бела Барток во симфониска верзија. На програмата е и маестралната Симфонија бр. 1 на Јоханес Брамс, која се издвојува како едно од неговите најдраматични дела.

Филхармонијата информира дека Акико Суванаи со своето извонредно техничко мајсторство и впечатлива сценска појава и енергично музицирање е се уште најмладиот победник во историјата на меѓународниот натпревар „Чајковски“ во Москва.

Таа свири на виолина изработена од легендарниот италијански мајстор Антонио Страдивари. Наречена е „Делфин“ и претходно му припаѓала на Јаша Хајфец, кој е еден од најважните виолинисти на 20 век.

Би можело да ве интересира

Двојна изведба на балетската претстава „Заспаната убавица“ од П. И. Чајковски

ВИДЕО: Италијанското оперско пеење доби статус на културно наследство на УНЕСКО

Предраг Петровиќ

Оперската претстава „Турандот“ од Џакомо Пучини во Национална опера и балет

Предраг Петровиќ

Директорката на Филхармонија е разрешена затоа што несовесно ракува со државна институција и со државни пари, вели министерката за култура

Горан Наумовски

Вработените во Филхармонија протестираа пред Владата

„Животот е убав“ – концерт на Филхармонијата во Градскиот парк

Ана Ололовска