Прв фолклорен фестивал на македонското малцинство во Албанија

Од:

Во организација на Македонското друштво „Илинден“, а со поддршка на Министерството за култура на Албанија по првпат во Тирана вечерва ќе се одржи „Фолклорен фестивал на македонското малцинство во Албанија“.

На оваа значајна манифестација за Македонците, ќе учествуваат фолклорната група “Браќа Мемишовци” од Орешек област Гора, фолклорна група од Требиште, област Голо Брдо, како и фолклорна група од Пустец, Мала Преспа, сите со македонски песни и ора од споменатите области.

Присутните ќе имаат пријатна можност да ги проследат и настапите на КУД „Илинден” од Струга и театарот „Скрб и утеха” од Скопје, кои се гости на вечерта.

-Очекуваме голема посетеност како од Македонците кои живеат во Тирана, така и од други делови на Албанија. Се надевам фестивалот да стане традиционален, изјави Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото.

Според него, фестивалот не само што се организира за првпат, туку за првпат една ваква манифестација е подржана од страна на албанското министерство за култура.

Фестивалот ќе се одржи во Куклениот театар во Тирана, а влезот е слободен.

Би можело да ве интересира

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

Од 16 награди на светскиот фестивал во Јесоло -6 за Скопското училиште Кузман

Предраг Петровиќ

Нов детски фолклорен фестивал во Битола

Ана Ололовска

Фестивалот и натпревар „Инструментите на моите предци“

Ана Ололовска

КУД „Кирил Пејчиновиќ“ – Теарце со Новогодишен концерт ги завршува годинашните настапи

Ана Ололовска

Онлајн промоција на првата музичка фолк сликовница за деца „Слушам кај шумат шумите“

Ана Ололовска