Прв филмски фестивал за духовни и хумани вредности

Од:

Од денеска до 19-ти овој месец во Македонскиот народен театар и Кинотека на Македонија ќе се одржува Првиот меѓународен филмски фестивал за духовни и хумани вредности.

Во рамки на фестивалот ќе бидат прикажани 15 играни и документарни филмови од фестивали и продуценти кои негуваат ваков жанр. Планирано е и да се одржат и тематски трибини на кои ќе говорат режисери и продуценти од странство.

Фестивалот ќе биде отворен денеска во новиот објект на МНТ, а на отворањето ќе им бидат врачени дипломи за лицата кои помогнале во реализацијата на фестивалот. Најавено е и обраќање и на амбасадорот на Руската Федерација Олег Шчербак и амбасадорот на Чешката Република Мирослав Рамеш.

Фестивалот се одржува под покровителство на Агенцијата за филм на Република Македонија и со благослов на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија.

Претседател на фестивалот е проф. д-р Јован Таковски, протојереј ставрофор, годинашен добитник на признанието Орден од прв ред Свети Климент Охридски на МПЦ – ОА.

Би можело да ве интересира

Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

Орце Костов

Почина актерот Мустафа Јашар

Квинтетот на Симон Трпчески и оркестарот „Ајга“ со два концерти во Скопје

(ВИДЕО) Муамер Абедин, самоук музичар на повеќе од десет инструменти: Научив да свирам од велешката чалгија во која уживал и турскиот султан

Орце Костов

Парите од роденденските претстави на МНТ ќе одат за лекување на Леонид

Во МНТ почнаа пробите за најновата претставата „Хенгинг Араунд“