Промовирана збирка поезија на Лилјана Пецова – Илиеска

Од:

Со подршка од програмата за култура на општина Гевгелија, синоќа беше промовирана збирката поезија „Јужен глас“ на Лилјана Пецова-Илиеска создадена од меѓусебни инспирации на поетски слики и уметнички експресии кои претставуваат одраз на уверувањата дека „зборот е слика и сликата е збор“.

– Пецова-Илиеска е поет со свои, нејзе својствени и иманентни поетски светови кои се опседнати од вечната тема – љубовта, љубувањето и вљубувањето што во растреперената душа и разбранетиот ум останале и станале неостварен сон по чезнатото што исчезнало и завршило,со што во душата и умот на лирскиот субјект се наталожила една придушена меланхолија, некој скршен бол и скршена тага, рече промоторот на збирката академик Георги Старделов.

Лилјана Пецова – Илиеска е родена гевгеличанка која живее и работи во Скопје. Таа е магистер по македонска книжевност и југословенски книжевности. Пишува поезија и прави обиди во литературната форма краток расказ.

Би можело да ве интересира

Младата поетеса Ивана Јовановска ќе учествува на Саемот на книга во Лајпциг

Предраг Петровиќ

Трет Скопски поетски фестивал

Предраг Петровиќ

Промовирана стихозбирката „Ризница” од Мира Георгиевска

Реномираното меѓународно списание „Версвил“ објави тематски број „Поезија од Македонија“

Даниела Андоновска-Трајковска е добитник на романската награда за поезија „Михаи Еминеску“

Предраг Петровиќ

Промоција на стихозбирката „Куќа во куќа“ од Гордана Михаилова-Бошнакоска

Ана Ололовска