Промовиран првиот роман на Веле Смилевски „Полицајка в кревет“

Од:

„Полицајка в кревет“, првиот роман на писателот Веле Смилевски,  беше промовиран денеска во Клубот Матица во Скопје.

Овој роман е во издание на „Дијалог“ од Скопје, и на 250 страници донесува потресна приказна за балканската крстосница на трговија со жени во која се испреплетени судбините на цела галерија ликови. Главниот лик, младата полицајка Ема Ендековска, е вклучена во организираната акција со која на проституцијата треба да и се обезбеди третман на професија.

„Полицајка в кревет“ е криминалистичко-психолошко-еротски роман во кој се разработува феноменот на конфликтните ситуации, кога прогонувачите и прогонуваните во еден момент доживуваат иста судбина. Во романот на Веле Смилевски и едните и другите таа судбина ја доживуваат во исто време и на исто место: седнати на обвинителна клупа.

Смилевски е автор на триесетина дела од областа на поезијата, критиката, есеистиката, книжевната наука и журналистиката.

Би можело да ве интересира

Шопен под отворено небо со Дино Имери

Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

Орце Костов

Почина актерот Мустафа Јашар

Квинтетот на Симон Трпчески и оркестарот „Ајга“ со два концерти во Скопје

(ВИДЕО) Муамер Абедин, самоук музичар на повеќе од десет инструменти: Научив да свирам од велешката чалгија во која уживал и турскиот султан

Орце Костов

Костадиновска-Стојчевска објасни: Не финансираме фестивал во Косово, туку наши театри кои ќе учествуваат

А1он