Промотивна апликација за виртуелно искуство на Археолошкиот објект Стоби

Од:

Првата апликација за виртуелно искуство што овозможува патување во минатото и доживување на гладијаторски преформанс од 2 в.н.е во грандиозниот театар на Стоби ќе биде достапна за посетителите на Археолошкиот објект од 19 септември.

Апликацијата промотивно ќе биде достапна на 19 и 20 септември на локалитетот, а посетителите ќе имаат можност бесплатно да го доживеат гладијаторското искуство.

Посетите на Стоби ќе бидат организирани преку резервации, а услугата на локалитетот ќе биде достапна со резервација на термин по цена од 180 денари.

– Нашата организација веќе неколку години работи на развој на социјани иновации со користење на технологијата. Соработката на креативните и културните институции е неопходна за развој на инвоативни проекти кои ќе го доближат и промовираат богатото културно наследство на Македонија и ќе овозможат нови искуства на посетителите на културните иснтитуции. Соработката со Стоби е одличен пример за користење на новите технологии во содавање на нови дигитални алатки за доживување на културното наследство, истакнаа од Центарот за социјални иновации „Блинк 42-21“.

Новата туристичка понуда користи технологија за виртуелна реалност во промоција на богатото културно наследство на Стоби. Продуцираната VR апликација им овозможува на посетителите интерактивно патување низ времето и просторот, претставувајќи го римскиот театар во својот полн капацитет, жителите на Стоби, опремата на гладијаторите, како и самите гладијаторски борби.

Спасе Перовски директор на Националната установа Стоби истакна дека проектот „Откривање на римскиот град Стоби – Виртуелено искуство” го вброи археолошкиот локалитет Стоби на листата на современите историско-археолошки паркови низ Европа. Со оваа апликација, години и страници научно – истражувачка работа се преточени во креативна дигитална алатка за презентација на автентичната историска реалност пред публиката од сите возрасти.

Римскиот театар во Стоби е еден од најимпресивните објекти изградени во овој град, и е еден од четирите римски театри откриени во денешна Македонија. Репертоарот на театарот се состоел од гладијаторски борби, борби со диви животни, театарски претстави, мимички претстави, хорски изведби и други перформанси. Гледалиштето на театарот било со височина околу 20 метри, седиштата биле поставени во 34 реда со капацитетот од околу 7000 гледачи.

Би можело да ве интересира

По 70 години прво подземно скенирање на наоди во античкиот локалитет „Стибера“ кај Прилеп

Ана Ололовска

Египет ги изложи неодамна откриените артефакти стари 2.500 години

Предраг Петровиќ

„На север од егејскиот свет“ – нова книга на археологот Драги Митревски

Минатата година се зголеми македонското археолошко богатство, а науката доби лабораторија за прецизирање на фактите

Ана Ололовска

Конференција за предисториска археологија „Предисторија на Балканот“

Ана Ололовска

Завршија овогодишните истражувања на Градиште-Бислим кај кумановското село Пчиња

Ана Ололовска