Промоција на водич за музејска програма за лица со аутизам

Од:

Музејот на македонската борба денеска ќе промовира водич за музејска програма за деца/лица со аутизам и нивните семејства и семинар за музејски работници.

Водичот е дел од проектот „Отворени музеи“ чија цел е унапредување на инклузивноста, едукацијата, социјалната правда и пристапноста на музеите, а промоцијата е во рамки на Европските денови на културно наследство.

– Главна цел на проектот е промоција на културното наследство, подобрување на пристапноста на музејските содржини и иницирање иден развој на музејски програми за подобрување на инклузивноста на ранливите групи во општеството – деца со аутизам и нивните семејства, соопшти Музејот на македонската борба.

Проектот се реализира во соработка со ПОУ „Д-р Златан Сремец“ и Македонското научно здружение за аутизам, а е финансиран од Делегацијата на Европската Унија во рамки на одбележување на 2018 – Европска година на културното наследство.

Би можело да ве интересира

Во битолскиот Музеј отворена изложба на предисториски предмети „Првите кралеви на Европа“

А1он

Турскиот музеј прогласен за најдобар во светот

Врв на стрела од бронзеното време направен од материјал кој не е од оваа планета

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Тенкови и хеликоптери „војуваат“ во Црвеното Море, фронтот на дното е покриен со корали

Со изложба одбележан Денот на музеите во Штип

Ана Ололовска

Бесплатен влез во МСУ – Скопје по повод Светскиот ден на културното наследство

Ана Ололовска