Промоција на Водич за лица со попреченост при посета на музеите

Од:

Музејот на Северна Македонија денеска ќе промовира Водич за лица со попреченост при посета на музеите, прва ваква публикација посветена на вработените во музеите. Автори на изданието се Емилија Георгиева и Сузана Марковска.

– Во музеите секојдневно, во сè поголем број, организирано доаѓаат и лица со попреченост. Водичот ќе им овозможи на вработените во музеите да стекнат основни сознанија за лицата со попреченост и нивните карактеристики, подобрување на пристапот до музејските поставки и нивно адекватно приспособување според потребите на овие лица, како и стекнување неопходни информации за основните методи и техники на работа, соопшти Музејот на Северна Македонија.

Би можело да ве интересира

Во битолскиот Музеј отворена изложба на предисториски предмети „Првите кралеви на Европа“

А1он

Турскиот музеј прогласен за најдобар во светот

Со изложба одбележан Денот на музеите во Штип

Ана Ололовска

Бесплатен влез во МСУ – Скопје по повод Светскиот ден на културното наследство

Ана Ололовска

Бесплатен влез во музеите и археолошките локалитети

Ана Ололовска

Музејот на современата уметност со еколошки проект кон зачувување на здравата животна средина