НУ Археолошки музеј на Македонија денеска ќе промовира Водич низ постојаната археолошка поставка, кој го објави во соработка со Министерството за култура. Промотор на водичот ќе биде проф.д-р Елизабета Димитрова.
Археолошкиот музеј, кој беше отворен во октомври 2014 година, има над 8.000 артефакти. Се простира на три ката и површина од 6.000 квадратни метри. Вредните експонати раскажуваат приказна од овие простори – од праисторијата – палеолитот (50000 г. п.н.е.) до средниот век.
Музејот има оддели за праисториска археологија, античка и средновековна археологија, оддел за нумизматика (со над 3000 монети), лапидариум, антрополошка поставка… сето тоа претставено со најсовремена музејска технологија.