Промоција на поетската книга „Цртани жени“ од Братислав Ташковски

Од:

Во мултимедијалниот културен центар „Матица ексклузив“ денеска напладне ќе биде промовирана поетската книга „Цртани жени“ од Братислав Ташковски, објавена од „Панили“ од Скопје.

Братислав Ташковски е поет, романсиер и драмски писател. Негови дела се преведени на англиски, албански и бугарски јазик. За своето творештво добитник е на наградите „Студентски збор“, „Млад борец“, „Браќа Миладиновци“, „Рациново признание“ и „Ацо Шопов“. Застапуван е во антологиски избори од македонска поезија.

Книгата ќе ја промовираат Иван Џепароски и Анастасија Ѓурчинова, а стихови ќе интерпретира актерот Томе Витанов.

Би можело да ве интересира

Младата поетеса Ивана Јовановска ќе учествува на Саемот на книга во Лајпциг

Предраг Петровиќ

Трет Скопски поетски фестивал

Предраг Петровиќ

Промовирана стихозбирката „Ризница” од Мира Георгиевска

Реномираното меѓународно списание „Версвил“ објави тематски број „Поезија од Македонија“

Даниела Андоновска-Трајковска е добитник на романската награда за поезија „Михаи Еминеску“

Предраг Петровиќ

Промоција на стихозбирката „Куќа во куќа“ од Гордана Михаилова-Бошнакоска

Ана Ололовска