Промоција на музичката компилација „Ние сме од Скопје“ во Младинскиот културен центар

Од:

Во рамки на четвртото издание на Меѓународниот ден на независните музичките продавници, денеска во Младинскиот културен центар ќе биде промовирана музичката компилација од различни домашни изведувачи, составена од ремикси на оригиналната композиција „Ние сме од Скопје“ која излезе на винил за дискографската куќа „ПМГ Рекордингс“.

„Ние сме од Скопје“ е композиција напишана од Мирко Попов и оригинално, во повеќе верзии, изведена од ПМГ Колектив, во 2007-ма година.

Како што информираат од „ПМГ Рекордингс“ на музичката компилација ќе може да се слушнат верзиите на „Ние сме од Скопје“ од „Kanton6“, „ИСКРА“, „Александар Велики“, „Скопски Дувачки Оркестар“, „Pluto’s Doubts“, „PMG Kolektiv“, „BarumBarum“, „Dj Magija“ и „Lepi Xhoni“.

Винилот, чие издавање било поддржано од Град Скопје, ќе може да се набави во рамки на 4-тото издание на Меѓународниот ден на независните музичките продавници, оваа сабота во МКЦ, организиран од „АП(о)ТЕКА МКЦ“ и „Corpus Delicti“.

Би можело да ве интересира

Две нови изведби на перформансот „Мачката Елеонора“ во МКЦ

Предраг Петровиќ

Костадиновска Стојчевска: Да се одложат одредени проекти во МКЦ додека да се реши статусот на хонорарците

Синдикатот на МКЦ бара надлежните институции да најдат решение за хонорарно ангажираните лица

Горан Наумовски

Отворање на изложба „Кобалт Синергија“ во МКЦ

Горан Наумовски

Бени Шаќири нов директор на МКЦ

VILLAGERS OF IOANNINA CITY за прв пат во Скопје