Промоција на книгата „Приказни од Пајко Маало“ на Марина Мијаковска

Од:

Во Музејот на македонската борба напладне ќе се одржи промоција на книгата „Приказни од Пајко Маало“ на Марина Мијаковска.

Новата книга на Мијаковска е инспирирана од културно-историските обележја на градот Скопје.

– Приказните настануваат на улиците на Пајко Маало во различни временски периоди. Преку ликот на сезнаечкиот наратор на стариот скопјанец Панајот, Мијаковска, симултано ги поврзува расказите во кохерентна целина што наликува на новела. Преку ваквата прозна постапка, авторката прави сопоставување на сликите од минатото и сегашноста, стариот и новиот град, старите скопски легенди и новите урбани приказни создадени во дланките на денешното Скопје, стои во најавата за промоцијата.

Книгата „Приказни од Пајко Маало“ е објавена како самостојно издание на Мијаковска а промоцијата е дел од 42-то издание на Скопско лето.

Би можело да ве интересира

44. издание на Скопско лето со преку 30 културни настани и богата програма ја одржува традицијата како еден од најдобрите фестивали за култура

Со концерт на Ори Даган завршува „Скопско лето“

Kонцерт на Киц Поп Хор на Скопско лето 2022

Претставата Во детската соба на ТДМ на „Скопско лето“

Отворање на Скопско лето 2022

Ана Ололовска

Староградски албански песни вечер на „Скопско лето“, фестивалот завршува утре со концертот „Вода“

Ана Ололовска