Отворање на Скопско лето 2022

Од:

Овогодинешното 43-то издание на манифестацијата „Скопско лето“ 2022 свечено ќе се отвори со концерт на „Европскиот Креативен Оркестар при Институтот ФАМЕ’С “ под диригентската палка на Тимоти Редмонд на првиот ден на летото и светскиот ден на музиката, вечерва во салонот на Национална опера и балет со почеток во 20:30 часот.

Настанот е во соработка со Амбасада на Франција, Француски Институт во Скопје и проект ФАМЕ’С.

Тимоти Редмонд диригира опера и концерти низ Европа и во САД. Тој е професор по диригент на Факултетот за музика и драма Гилдхол, редовен гостин-диригент со лондонските симфониски и кралски филхармониски оркестри и диригент и кокреатор на серијата концерти My Great Orchestral Adventure™ на Royal Albert Hall. Тој е добро познат како диригент на современа музика и има посебна поврзаност со музиката на Томас Адес.

Концерт со Тимоти Редмонд и Оркестарот на Фаме’с Институт

Со овој концерт ќе биде отворено овогодинешното издание на Скопско Лето и ќе биде поддржан од Француската Амбасада во РСМ.

Тимоти Редмонд е британски диригент кој работи на опери и концерти низ Европа и во САД. Тој е професор по диригирање на Факултетот за музика и драма Гилдхол, редовен гостин диригент во Лондонските симфониски и кралските филхармониски оркестри и диригент и ко-креатор на серијата концерти My Great Orchestral Adventure™ во Ројал Алберт Хол.

Тој е познат како диригент на современа музика, а соработува со светски музички имиња како Томас Адес.

Оркестарот е составен од млади талентирани музичари од цела Европа кои престојуваат во Македонија како дел од Европскиот Оркестарски имплементиран од ФАМЕС Институт, кои заедно со целиот тим на уметници, диригенти и професионални музичари работат на своите интерпретациски вештини, преку мастер часови, тренинзи и перформанси во живо.

Концертот на Тимоти Редмонд и оркестарот на Фамес Институт е дел од Европскиот Оркестарски Програм за млади талентирани музичари поддржан од програмата на Креативна Европа.

Би можело да ве интересира

44. издание на Скопско лето со преку 30 културни настани и богата програма ја одржува традицијата како еден од најдобрите фестивали за култура

Со концерт на Ори Даган завршува „Скопско лето“

Kонцерт на Киц Поп Хор на Скопско лето 2022

Претставата Во детската соба на ТДМ на „Скопско лето“

Староградски албански песни вечер на „Скопско лето“, фестивалот завршува утре со концертот „Вода“

Ана Ололовска

Концерт „Модерниот дух на староградската песна“ на Лаура Крлиу

Ана Ололовска