Промоција на книгата „Песните се нивни незаборав“

Од:

Во рамки на „Скопско лето“ денеска напладне ќе биде промовирана книгата „Песните се нивни незаборав“ – монографски труд посветен на 24 починати пејачи чии што песни и изведби имаат трајни вредности. Автори на делото се Кирил Тодевски – етномузиколог и повеќегодишен урредник на Редакцијата за народна музука на Македонското радио и Марија Велковска – уредник во Музичката програма на Македонското радио.

Како што соопшти организаторот на „Скопско лето“ – Дирекцијата за култура и уметност на Скопје (ДУКС), книгата е посветена на песнопојците: Васил Хаџиманов, Никола Бадев, Александар Сариевски, Васка Илиева, Мирвет Беловска, Благој Петров-Караѓуле, Нада Макеларска, Гого Зафироски-Зафиро, Вања Лазарова-Димитровска, Блага Видец, Јонче Христовски, Добри Ставревски, Драгица Мавровска, Кирил Манчевски, Љупчо Дучевски, Мирко Митревски, Пепи Бафтировски, Есма Реџепова-Теодосиевска, Кирчо Поплазаров, Гоце Николовски, Петранка Костадиновска, Војо Стојановски, Јанко Узунов и Гоце Арнаудов.

– Зад себе оставија непроценливо фолклорно богатство, со кои за навек го легитимираа македонскиот фолклорен израз. Со своите песни за себе испишаа незаборав, а на повиканите од сферата на Фолклористиката, односно Етномузикиологијата останува нивниот незаборав трајно да го забележат во своите научни и друг вид на прилози, соопшти ДУКС.

Согласно со објавените протоколи, бројот на публиката ќе биде ограничен и задолжително ќе биде почитувањето на препорачаните мерки: носење заштитни маски, мерење телесна температура одржување на пропишаната физичка дистанца меѓу посетителите во гледалиштето и дезинфекција.

Би можело да ве интересира

Нов детски фолклорен фестивал во Битола

Ана Ололовска

Фестивалот и натпревар „Инструментите на моите предци“

Ана Ололовска

КУД „Кирил Пејчиновиќ“ – Теарце со Новогодишен концерт ги завршува годинашните настапи

Ана Ололовска

Онлајн промоција на првата музичка фолк сликовница за деца „Слушам кај шумат шумите“

Ана Ололовска

Изложба на фотографии од традиционални носии во Гевгелија

Ана Ололовска

В петок 33-то издание на „Охридските староградски средби“

Ана Ололовска