„И јас сум тука“ е насловот на книгата со приказни и фотографии на 20 лица со интелектуална попреченост чија промоција ќе се одржи вечер во Кинотеката. Подоцна, ќе се одржи и промоција на македонскиот превод на книгата со цитати од актерите на „Глада Худик“ – „Никогаш не престанувајте да се гушкате“.
Како што соопштија од тимот на „Литера“, по промоцијата ќе следува проекција на филмот „Модна ревија: Глада Худик до Њујорк“ на режисерот Јохан Ског, во кој играат актерите од театарот „Глада Худик“.
Инаку, синоќа беше отворена и истоимената изложба на 20 фотопортрети на лица со интелектуална попреченост.
Според амбасадорката на Кралството Шведска во нашата земја, Кристин Форсгрен Бенгсон која присуствуваше на отворањето на изложбата „И јас сум тука“, децата не се раѓаат со предрасуди, тоа е клучно во односот кон луѓето со посебни потреби.
-Еднаквоста и еднаквите можности за сите се клучни вредности и приоритети за мојата земја, Шведска. Во нашата работа тука во Северна Македонија, оваа перспектива на демократски права, човечки права, работнички, права на децата и што уште не. Денеска ние во амбасадата сме среќни што го поддржуваме проектот „Децата не се раѓаат со предрасуди“ на театарот „Глада Худик“, поддржан од Шведскиот институт, рече амбасадорката.
Таа истакна дека е многу важно да се работи во училиштата и преку вакви настани да се бориме против предрасудите.
-Сакаме да ги охрабриме сите да станат и да застанат зад нивните права. Од фотографиите забележав, заедничко за сите се насмевките, тоа ме стоплува. Се надевам дека филмот „Модна ревија: Од Глада Худик до Њуорк“ нема да ве остави рамнодушни и ќе ги запамтите зборовите на една од актерките: „Ние сме единствени и имaмe право да блеснеме“, потенцираше амабасадорката.
Автор на фотографиите е Тоше Огњанов, а на приказните – Сребра Ѓорѓијевска.
Модератор на настанот беше Александра Јуруковска, која истакна дека тимот на „Литера“ е горд што театарот „Глада Худик“ во Фестивалот за литетура и илустрација за деца го препозна вистинскиот партнер за да ја рапири својата мисија во Македонија.
-Почнуваме во Скопје и не завршуваме тука. Посакуваме мисијата на „И јас сум тука“ да продолжува и понатаму, истакна Јуруковска.
Авторот на фотографиите, Тоше Огњанов на отворањето на изложбата посочи дека долго време работи на раскажување приказни преку фотографија.
-На почетокот имав трема, првото фотографирање со Христијан, не знаев како да му пристапам, што да направам. Како да постапам, пристапам, што ќе ни биде оваа фотосесија. Се сретнавме, тој самиот почна да позира, да ги покажува медалите. Веднаш се поврзавме, па со Ива, па Александар, па Никола. Секое фотографирање беше посебно искуство, посебна приказна. Го опишуваме како патување, поминавме низ цела земја, но постои и ендо фигуративно патување, до нов како личности. Тоа што како фотограф успеав да го увидам дека сите тие сакаат внимание. Ретко кога имам забележано поискрена насмевка, рече Огњанов.
Според Сребра Ѓорѓијевска, секој заслужува место под сонцето и на сите нас ни треба многу малку – една прегратка, една насмевка.
– Се радувам на сите средби со овие 20 луѓе со попреченост, пред сè со новните семејства, со поддршката што ни ја дадоа отворајќи ги нивните срца и домови. Се радувам што сум дел од проект кој им дава можност на сте да зборуваат, да бидат слушнати, поздравени. Со Тоше Огњанов поминавме два месеци со приказните на овие луѓе, заедно се смеевме, се гушкавме, заедно плачевме, додаде Ѓорѓијевска.