Промоција на ДВД и книга од Љубиша Георгиевски

Од:

По повод 55 години творештво и 77 години од раѓањето на Љубиша Георгиевски, доајенот на македонската филмска и театарска уметност, денеска во Кинотеката на Македонија ќе бидат промовирани ДВД издание со дигитализираниот филмски опус и книгата „Театарски магии – Мнемопис“ со текстови на Георгиевски.

Комплетот од пет ДВД-ја ги содржи долгометражните филмови „Под исто небо“ (1964), „Планината на гневот“ (1968), „Репубиката во пламен“ (1969) и „Цената на градот“ (1970), краткометражните „Не“ (1966) и „Патека“ (1967) и документарниот филм „Nic Tramsit Gloria Mundi“/ Хераклеа“ (1974).

Обраќање на промоцијата ќе имаат министерката за кутура Елизабета Канческа-Милевска и директорката на Кинотека на Македонија, Мими Ѓоргоска-Илиевска.

ДВД-јата со филмови на Георгиевски ќе ги промовира Илинденка Петрушева, филмолог и филмски критичар, додека за книгата на Георгиевски ќе говори проф. д-р Јелена Лужина, театролог и приредувач на ова книжевно издание за „Макавеј.“

Дигитализацијата на филмовите произлезе од проектот на Кинотеката на Македонија за дигитална реставрација на најдоброто од македонската национална филмска продукција. Во рамки на овој проект досега беа дигитализирани и издадени филмовите на Столе Попов и на Браќата Манаки, а во тек е дигитализацијата на филмските остварувања на Милчо Манчевски.

Би можело да ве интересира

Почина актерот Мустафа Јашар

Светски ден на театарот, бесплатни претстави во Скопје

(ВИДЕО) Српски актер го прекина настапот поради жена која телефонираше: Немам нерви како коњ

Предраг Петровиќ

Во Битола премиера на театарската претстава „Вујко Вања“

Предраг Петровиќ

Премиера на „Петар Пан“ во Струга, средствата од влезниците хуманитарно за Бојан

Ана Ололовска

По повеќе од 30 години прво гостување на македонски театар на сцената на Народниот театар во Албанија

Ана Ололовска