Проекција на филмот „Божиќното танго“ во режија на Никос Кутелидакис

Од:

– Амбасадата на Грција во Скопје организира проекција на филмот „Божиќното танго“ во режија на Никос Кутелидакис (2011, 2h22) во рамки на серијата филмски проекции насловена „Ајде да се запознаеме“. Целта е да се прикажат современи грчки филмови кои, како што посочуваат, беа многу сакани од публиката во Грција, но и во странство.

Базиран на најпродаваниот роман на Јанис Ксантулис, „Божиќното танго“ е романтична драма која се одвива за време на подготовките за Божиќниот бал во еден грчки воен камп во 70-тите години. Поручникот Стефанос Караманидес, е еден строг војник кој има само една желба – да ја покани на танц својата тајна љубов, Зои, сопругата на полковникот Манолис Лонгос. За остварување на таа цел, Стефанос Караманидес ќе побара помош од еден млад, срамежлив и чувствителен војник, од Лазарос, да му одржи часови по танго. Нивната кратка, но пресудна средба ќе биде поттик за низа настани кои ќе кулминираат со танго… Божиќното танго, еден ден кој ќе ги промени засекогаш животите на тројцата главни ликови. Филмот постигнал голем успех на кино благајните и добил три награди од Грчката филмска академија.

Проекцијата ќе се одржи во Кинотеката, во петок, 6 декември, во 19:00 часот. По проекцијата, публиката ќе има можност да постави прашања и да добие одговори за филмот од продуцентот Јанис Ексиндарис, најавуваат од Амбасадата.

Би можело да ве интересира

Синот на Шварценегер за снимањето на „Белиот лотос“: Семејството се уште не знае за моите голи сцени

Предраг Петровиќ

Грк се забарикадира во работилница, уби две лица, сега се заканува со граната

(ВИДЕО) Егзодус од Санторини, 11.000 жители го напуштија островот

Нов, најсилен земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала попладнево го погоди Санторини

Мицотакис ги моли граѓаните на Санторини да ги слушаат упатствата на Цивилната заштита

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Масовни демонстрации во Грција за железничката несреќа кај Темпи – инциденти на крајот од протестите

А1он