Театарот „Војдан Чернодрински“ од Прилеп гостува на два фестивали. Вечерва, во Драмскиот театар во Скопје, со претставата „Сон на летната ноќ“ од Шекспир, во режија на Нела Витошевиќ, театарот ќе настапи на фестивалот МОТ. Се работи за македонска премиера, бидејќи публиката во матичниот театар, премиерно ќе ја види оваа претстава идната недела. Сценографијата е на Константин Трпеновски, музиката е на Огнен Атанасовски, костимите на Роза Трајчевска.
Во актерската екипа се: Игор Ангелов, Даниела Иваноска, Игор Трпче, Марија С. Илијеска, Катерина Чакмакоска, Зоран Иваноски, Димитар Ѓорѓиевски, Илија Волчески, Јасмина М. Станкоска, Александар Тодески, Ирена Мирческа и Михајло Михајлоски. Претходно со “Сонот…” театарот учествуваше на “Шекспир фестивалот ” во Битола.
Во среда, Прилепскиот театар гостува во во Штип. На отворањето на детскиот фестивал што го организира ЦК од Штип, театарот ќе ја прикаже претставата за деца”Мачорот во чизми”.Инаку, Центарот во текот на наредните две недели ќе го реализира проектот за адаптација на поранешната Сцена 105 која ќе биде претворена во простор – ателје, за творештво на ликовните уметници од градот и студио за Младинското драмско студио.
Во рамките пак на Регионалните денови на културата во пелагонискиот регион, во вторник од 10 до 17 часот во салонот ќе биде отворена изложба на тардиционални македонски ракотворби, а од 19 часот е проекцијата на филм и дискусија со Сенка Атанасова, доктор по филкозофски науки на проектот,, Музеј на женски приказни”организирана од Локомотива Скопје, во соработка со дебатно кино „Контра кадар“ од Битола.