При крај се подготовките за Струмичкиот карневал

Од:

При крај се подготовките за одржување на традиционалниот Струмички карневал, истакна на денешната прес-конференција, претседателот на Организацискиот одбор на карневалот, Александар Цицимов. Истакна дека поради совпаѓање на православниот и католичкиот Велигден, годинава ќе отсуствуваат неколку традиционални гости од регионот.

– Годинава со нас нема да бидат нашите редовни гости од Хрватска, Словенија и Италија. Затоа пак се потрудивме да дојдат карневалисти од дестинации кои немаат вакви традиционални манифестации. Ќе имаме учесници од Москва, Русија, како и од Холандските Антили, Бугарија, Србија и Црна Гора кога станува збор карневалисти надвор од Македонија, истакна Цицимов.

Организаторите на карневалот очекуваат да ја исполнат квотата од 450 гости од странство кои ќе бидат распределени во 17 групи. До 22 март е рокот за поднесување пријави за сите учесници појасни Цицимов.

– Ги чекаме пријавите од домашните карневалски групи. Знаеме дека се подготвуваат и традиционално во тајност ги држат маските до последен момент. И покрај потешкотиите околу организацијата Струмичкиот карневал и годинава ќе го задржи високото ниво и реноме, рече Цицимов.

Карневалските денови ќе стартуваат в среда 22 февруари со детскиот маскембал што ќе се одржи во Голден хол Космополит. Наредниот ден, в четврток ќе се одржи традиционалниот Концерт под маски на ОМУ „Боро Џони“. Истиот ден претходно ќе бидат објавени резултатите од конкурсто за најдобри остварувања на тема карневал во струмичката библиотека, а во 19.30 ќе биде отворена изложбата на фотографии од ланскиот карневал.

В петок, 24 февруари претпладнето ќе биде карневалското дружење со гостите од странство, а вечерта во хотелот Сириус ќе се одржи традиционалниот маскембал, на кој ќе бидат одбрани принцот и принцезата кои ќе ја предводат главната карневалска поворка в сабота на 25 февруари.

В недела на 26 февруари ќе се одржи традиционалниот детски карневал.

В понеделник е Чист понеделник кога на градскиот плоштад „Гоце Делчев“ ќе биде послужен бел грав. Претпалендето ќе бидат објавени најдобрите маски, а вечерта ќе биде отворена изложбата на карикатури и афоризми, учесници на 18от Меѓународен фестивал на карикатура и афоризам.

Вторник на 28 февруари ќе бидат доделени наградите од Интернационалната карневалски вечер и тримерската карневалска забава.

Карневалските прослави завршуваат в среда на 01. март со одбележување на Тримерските обичаи и со концерт на Ансамблот Тримери.

Би можело да ве интересира

Над 500 учесници на карневалот во Кавадарци, градот има вински кралица и крал

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Три лица тешко повредени на карневал во Лондон

Горан Наумовски

IQOS караванот ќе ја посети Струмица за време на Струмичкиот карневал

Карневалот во Рио повторно откажан поради пандемијата

Ана Ололовска

Карневалот во Рио де Жанеиро во 2022 година ќе трае 40 дена

Ана Ололовска

Откажан Карневалот во Рио