Превртени приказни од деца за деца

Од:

Колективот Ветерница, на 27. мај, среда, на сцената на Кино Фросина, во Младинскиот културен центар, ќе изведе две претстави под заеднички наслов „Превртени приказни“. Претставите се плод од заедничката работа помеѓу едукаторите од Ветерница и децата од колективот, чии подготовки беа во рамките на часовите по танцов театар.

„Превртени приказни“ е олицетворение на еден поинаков невербален театар, разбирлив за сите, театар што го истражува секојдневнието и ги раскажува невидливите нешта. Во претставата учествуваат Маша Блажева, Јана Николовска, Матеа Димова, Дениција Блажевска, Симона Спировска, Јована Јосифовска, Кристина Петровска, Кристијан Пешевски, Теодора Стефанова, Иван Силјанов, Марија Масевска и Матеа Ивановска. Дизајнот го изработија Велимир Жерновски и Ангела Маневска, а костимографијата е на Маја isnogud.

Изборот на музика е од палката на Колективот Ветерница.

„Ветерница“ е уметнички колектив што е создаден со заедничка цел за поттикнување на личниот развој преку работа во група и користење на креативната енергија со употреба на техники од глума, музика, песна, физички и куклен театар. Негуваат хоризонтален пристап, заедничка соработка и одговорност во споделување на знаења и идеи.

„Водени од потребата за постојано преиспитување на заедничките и личните вредности, веруваме дека уметноста е огледало на секојдневното живеење“ вели Билјана од едукаторскиот тим. „Уметноста е основна алатка за спознавање/менување на себе си и околината“, потенцира таа.

Претставите започнуваат во 18 часот, цената на билетот за организирани групи од училиштата е 100 денари, а редовната цена е 150 денари.

Би можело да ве интересира

Почина актерот Мустафа Јашар

Светски ден на театарот, бесплатни претстави во Скопје

(ВИДЕО) Српски актер го прекина настапот поради жена која телефонираше: Немам нерви како коњ

Предраг Петровиќ

Во Битола премиера на театарската претстава „Вујко Вања“

Предраг Петровиќ

Премиера на „Петар Пан“ во Струга, средствата од влезниците хуманитарно за Бојан

Ана Ололовска

По повеќе од 30 години прво гостување на македонски театар на сцената на Народниот театар во Албанија

Ана Ололовска