Во рамки на Официјалната програма на Остен Биенале на цртеж Скопје 2016, денеска ќе бидат претставени автори од Македонија. Тоа ќе биде прва од двете последователни поставки посветени на македонските автори.
Ќе бидат изложени дела на: Андријана Ананиева, Родољуб Анастасов, Невзат Кица Бејтули, Ерина Богоева, Томо Бундевски, Илина Цветкова, Анка Данаиловска, Владимир Георгиевски, Хајруш Исени, Цане Јанкуловски, Мице Јанкуловски, Петра Јовановска, Сарита Конеска, Ване Костуранов, Мирјана Крстева-Масети, Павле Кузмановски, Росица Лазеска, Андријана Мациев, Петронија Макавеева, Дејан Марков и Доне Миљановски.
– Тие ја збогатија програмата на овогодишното издание на Остен Биенале на цртеж Скопје 2016 преку нивните нови и автентични стилови на експресија, станувајќи на овој начин дел од интернационалната мрежа на уметници чиишто дела влегуваат во колекцијата на Остен, соопшти Остен.
Нивните дела може да се посетат во Галерија Остен секој работен ден од 9 до 17 часот, а во сабота од 10 до 13 часот.