Претставници на ИДКНА на средби во Меморијалниот музеј на холокаустот во Вашингтон

Од:

За време на престојот во Вашингтон, научните истражувачи на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците (ИДКНА), предводени од проф.д -р. Скендер Асани, вчера имаа средба со претставници на Иницијативата за борба против антисемитизмот и негирање на холокаустот во рамки на Меморијалниот музеј на холокаустот во Вашингтон, Алеиса Фишман, историчар и координатор со УНЕСКО и Фиб Мекдагал, координатор со Обединетите Нации.

На оваа средба, како што информираат од Институтот, претставниците на ИДКНА имаа можност да се запознаат со меѓународните програми за истражување и едукација на холокаустот во рамките на УНЕСКО, во координација со преставниците на Иницијативата за борба против антисемитизмот и негирањето на холокаустот. Стана збор за можноста и ИДКНА да се вклучи со свои идеи во областа на образованието и истражувањето на холокаустот, кои ќе се развијат преку соодветниот оддел кој работи во рамките на ИДКНА веќе неколку години.

Директорот Асани ги известил домаќините за искуството што Институтот го има во областа на образованието и истражувањето на холокаустот, споменувајќи ја одобрената Стратегија која стана дел од образовната и научната култура за проблемите на холокаустот, како и голем број на публикации и проекти кои се фокусираа на оваа област.

На состанокот биле презентирани и активностите во рамките на ОН поврзани со евоцирање на холокаустот. Координаторот на овие активности, Фоб Мекдагал, ги информираше гостите за агендата на меморијалната изложби во спомен на холокаустот. Д -р. Асани побара да се земе предвид можноста ИДКНА да биде претставена во Обединетите нации преку изложби и промоции на книги на Меѓународниот ден на сеќавање на холокаустот – на 27 јануари следната година.

Денеска и утре, претставниците на ИДКНА ќе ја посетат Конгресната библиотека и Стејт департментот, каде ќе се сретнат со претставници на Канцеларијата за меѓународни верска слобода и борбата против антисемитизмот и образованието за холокаустот.

Би можело да ве интересира

Турскиот музеј прогласен за најдобар во светот

Врв на стрела од бронзеното време направен од материјал кој не е од оваа планета

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Тенкови и хеликоптери „војуваат“ во Црвеното Море, фронтот на дното е покриен со корали

Со изложба одбележан Денот на музеите во Штип

Ана Ололовска

Бесплатен влез во МСУ – Скопје по повод Светскиот ден на културното наследство

Ана Ололовска

Бесплатен влез во музеите и археолошките локалитети

Ана Ололовска