Претставено главното фестивалско жири на ИФФК „Браќа Манаки“

Од:

Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ денеска ги претстави членовите на меѓународното стручно жири кое годинава го предводи кинематограферот Ришард Ленчевски од Полска.

Организаторот на фестивалот одлучи во жирито годинава да членуваат и Божидар Бота Николиќ од Србија, Ерџан Кесал, сценарист и актер од Турција, Хајет Бенкара, продуцент од Канада, и македонскиот сценарист, режисер и продуцент Митко Панов.

IMG_8641

– Од филмовите во конкуренција и според програмата, досега видовме четири, сите се одлични и го заслужуваат нашето внимание. Ја поканувам публиката во киносалите бидејќи штета би било да не се видат толку многу добри филмови со многу извонредни технички специфики. Филмовите стануваат се подобри и подобри и не треба да биде пропуштена ниту една фестивалска вечер, исткна македонскиот режисер Митко Панов во име на членовите на фестивалското жири.

Во прес-центарот на ИФФК „Браќа Манаки“ беше претставено и жирито кое ја следи и оценува програмата „СЕЕ Камера“, а во кое членуваат Диомидес Никита, филмски и театарски режисер од Кипар, професорката Маја Богоевиќ од Црна Гора и Мирослав Момчиловиќ, режисер од Србија.

IMG_8696

На новинарско прашање во врска со развојот на кинематографијата во Југоисточна Европа, Богоевиќ истакна дека во државите од поранешната Југославија најмногу напредувала Босна и Херцеговина, додека никаков напредок не се забележува во нејзината држава,  Црна Гора.

– За жал слободно може да кажам дека во развојот на кинематографијата најмногу доцни Црна Гора затоа што нема институции кои би го следеле и поддржувале тој развој. Во најдобра ситуација мислам дека е Босна и Херцеговина каде се развива динамична кинематографија. Во овој меѓупростор се кинематографиите во Македонија, Србија, Хрватска, а очекувам и еден нов бран од Романија, нагласи Богоевиќ.

IMG_8949

Новиот фестивалски ден на ИФФК „Браќа Манаки“ продолжи со серијал филмски содржини, а според востановената традиција, делегација предводена од директорот на фестивалот Димитар Николов и градоначалникот на општина Битола Владимир Талески го посетија вечниот дом на браќата Манаки и положија свежо цвеќе на Влашките гробишта во Битола.

Би можело да ве интересира

Со премиера на „Домаќинство за почетници“ почна Фестивалот „Браќа Манаки“

Лабина Митевска е годинашна добитничка на наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“

Мони Дамевски реизбран за директор на фестивалот „Браќа Манаки“

Претседателот Пендаровски ја додели наградата Златна Камера 300 за животно дело на Ентони Дод Ментл

Ана Ололовска

Златна „Камера 300“ за кинематограферот Јани-Петери Паси од Финска

А1он

Во Битола вечер се доделува златна „Камера 300“ и завршува ИФФК „Браќа Манаки“

Ана Ололовска