Со премиера на „Домаќинство за почетници“ почна Фестивалот „Браќа Манаки“

Од:

Со проекција на македонскиот филм „Домаќинство за почетници“ по сценарио и во режија на Горан Столевски, а во продукција на Лист Продукција, вечерва во Центарот за култура во Битола официјално е отворено 44. издание на Фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки“.

Како што јави известувачот за МИА од Битола, Фестивалот годинава е под мотото „Прекрасното непознато“, а најавено е присуство на 400 гости.

За време на свеченоста, на годинешниот лауреат, оскаровецот Питер Бижу му беше врачена наградата Златна камера 300 за животен опус.

Филмот „Домаќинство за почетници“ се занимава со универзалните вредности на семејството – она во кое сме се родиле и она кое самите сме го избрале.

Главните улоги ги толкуваат: Анамариа Маринка (позната по филмот „4 месеци 3 недели 2 дена“ на Кристиан Мунгиу) и Алина Сербан од Романија, Самсон Селим, Миа Мустафа и Џада Селим од Северна Македонија и Владимир Тинтор од Хрватска. Во споредните улоги се: Сара Климоска и Ајше Усеини од Северна Македонија и Розафа Челај од Косово.

Продуцент на филмот е Марија Димитрова, а остатокот од авторската екипа ја сочинуваат: Ана Жежничек – сценограф, Роза Трајческа Ристовска – костимограф, Александара Чевреска – арт директор, Горан Игњатовски и Леонора Мехмети Хоџа – маскери, Ален Синкауз и Ненад Синкауз – композитори, Зоран Максимовиќ – снимател на звук и Ема Бортињон – дизајнер на звук.

На Фестивалот, што ќе се одржи до 29 септември, ќе бидат прикажани повеќе од 70 филмови, распоредени во неколку натпреварувачки програми.

Во главната програма се 12 филмови, кои наспроти доминацијата на технологијата денес, раскажуваат егзистенцијални човечки приказни.

Актерката и продуцентка Лабина Митевска е годинашна добитничка на „Големата ѕвезда на македонскиот филм“ – награда која Друштвото на филмски работници на Македонија (ДФРМ) ја доделува од 2013 година.

Би можело да ве интересира

Лабина Митевска е годинашна добитничка на наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“

Мони Дамевски реизбран за директор на фестивалот „Браќа Манаки“

Претседателот Пендаровски ја додели наградата Златна Камера 300 за животно дело на Ентони Дод Ментл

Ана Ололовска

Златна „Камера 300“ за кинематограферот Јани-Петери Паси од Финска

А1он

Во Битола вечер се доделува златна „Камера 300“ и завршува ИФФК „Браќа Манаки“

Ана Ололовска

Грег Малканџи со „Синергијата на звукот и филмската слика” се претстави во ИФФК „Браќа Манаки”

Ана Ололовска