Претставата на Унковски прогласена за најдобра во Хрватска

Од:

Главната награда на Хрватското друштво на драмски уметници за најдобра претстава за 2014 година, во Хрватска, е доделена на претставата „Три сестри“, од Антон П. Чехов во режија на Слободан Унковски, а во изведба на Градскиот драмски театар „Гавела“ од Загреб.

Националните награди за најдобрите остварувања во областа на театарот, филмот и радиото беа соопштени вчера вечер на свеченото доделување во Загреб.Ова беше прва режија на Унковски во Хрватска, кој досега има голем број постановки на сцените во други центри, како Белград, Љубљана, Москва, Атина, Германија, САД и други.

unkovski-pretstava4

– Јас секогаш некаде сум прв пат, без оглед на тоа дали се работи за Германија, САД или Хрватска. Кога ќе почнеме со работата, стануваме едно големо семејство и мислам дека работата на режисерот со ансамблот мора така да изгледа за да се разменат енергија и љубов. Ансамблот на театарот беше со мене, ми веруваше и ме инспирираше. Во оваа размена на енергија, направивме претстава за текот на времето и колку е комплицирано, тешко и речиси невозможно да се живее, изјави Унковски за хрватските медиуми.

Претставата „Три сестри“, гостуваше на 39. издание на фестивалот МОТ во Скопје.

А.Б.

Би можело да ве интересира

Почина актерот Мустафа Јашар

Светски ден на театарот, бесплатни претстави во Скопје

(ВИДЕО) Српски актер го прекина настапот поради жена која телефонираше: Немам нерви како коњ

Предраг Петровиќ

Во Битола премиера на театарската претстава „Вујко Вања“

Предраг Петровиќ

Премиера на „Петар Пан“ во Струга, средствата од влезниците хуманитарно за Бојан

Ана Ололовска

По повеќе од 30 години прво гостување на македонски театар на сцената на Народниот театар во Албанија

Ана Ололовска