Претставата „Галеб“ патува во Пекинг, на фестивалот „Средба во Пекинг“

Од:

Македонскиот народен театар со претставата „Галеб“ од Антон Павлович Чехов, а во режија на Нина Николиќ на 21 јануари 2020-та ќе земе учество на 20. уметнички фестивал „Средба во Пекинг“.

„Средба во Пекинг“ е сеопфатен фестивал во организација на Министерството за култура и туризам на Народна Република Кина, градот Пекинг и Националната радио и телевизија, а предводен од Здружението за уметност и забава во Кина. Фестивалот успешно се одржува од 2000 година, со учество на повеќе од 30 илјади уметници од над 100 земји од целиот свет.

Овој фестивал е еден од најголемите уметнички фестивали во Кина, а во изминатите години на програмата се најдоа претстави, ликовни изложби, концерти, танци, настапи на отворено и активности за едукација на уметноста. Уметници од целиот свет ја презентираат својата култура; формите и содржините се разновидни, а фестивалот претставува одлична платформа за промовирање на кинеската уметност и култура низ светот.

Во претставата играат: Звездана Ангеловска, Никола Ристановски, Петре Арсовски, Емил Рубен, Благој Веселинов, Дарја Ризова, Дамјан Цветановски, Сашка Димитровска, Тина Трпкоска, Славиша Кајевски и Аксел Мехмед.

Би можело да ве интересира

Почина актерот Мустафа Јашар

Светски ден на театарот, бесплатни претстави во Скопје

(ВИДЕО) Српски актер го прекина настапот поради жена која телефонираше: Немам нерви како коњ

Предраг Петровиќ

Во Битола премиера на театарската претстава „Вујко Вања“

Предраг Петровиќ

Премиера на „Петар Пан“ во Струга, средствата од влезниците хуманитарно за Бојан

Ана Ололовска

По повеќе од 30 години прво гостување на македонски театар на сцената на Народниот театар во Албанија

Ана Ололовска