Претставата „Алма Малер“ на 28 јануари премиерно во МНТ

Од:

Претставата „Алма Малер“ на 28 јануари премиерно ќе биде изведена во балетската сала на Македонскиот народен театар. Режисер на драмската адаптација на истоимениот роман на Сашо Димоски е Васил Зафирчев.

Главниот лик во различни етапи од животот го толкуваат актерките Милица Стојанова и Звезда Ангеловска.

Режисерот Зафирчев денеска на прес-конференција рече дека Алма Малер е грандиозна тема, општо книжевноста и драмската литература не само кај нас, туку и пошироко многу ретко се занимаваат со третирање на вака моќни, раскошни и богати женски биографии, каква што е биографијата на Алма Малер, една од најголемите и највлијателни европски дами на крајот на 19 и почетокот на 20 век.

– Она што за мене беше најпровокативно зошто токму ги избрав Милица и Ѕвезда беше не само нивниот актерски сензибилитет, туку пред се нивниот сериозен животен багаж, затоа што длабоко во себе бев уверен дека тоа е пресудното за да може да се изгради еден лик каков што е Алма Малер онака како што е напишан. Тие двете се актерски навистина и многу слични и многу различни со свој автентичен автохтон изграден актерски манир. Тој ги прави апсолутно препознатливи, посочи Зафирчев.

Претставата, посочи тој, не е само професионална реализација, туку таа е во голема мерка наша лична авторска провокација која говори за теми и животни аспекти кои нас како уметници не тангираат.

– Пред година и нешто ми понудија дека треба да ја играм оваа улога, прво ме фати паника од комплексноста на улогата, но откако го прочитав текстот ме зароби до тој степен што јас не знаев кога е ден кога е ноќ, да живеам со Алма, да се обидам да ги почувствувам сите нејзини случувања во тој живот нејзин, сите нејзини трауми, задоволства и трпеливост да го изживее животот, нагласи актерката Милица Стојанова.

Актерката Звезда Ангеловска рече дека се работи за претстава каде темата е уметност.

– Ако жената Алма Малер, односно сопругата на Густав Малер која била талентирала морала да го препознае тој талент, музичар, композитор Густав Малер, сигурно таа жена е голема провокација за актерки вклучени во оваа голема тема. Тоа е една таква комплексна биографија која со секоја нова изведба се надевам ќе ни открива и нови простори, додаде Ангеловска.

Авторот на книгата „Алма Малер“, која е во издание на „Култура“, Сашо Димоски на прес-конференцијата рече дека романот е структуриран во 10 глави кои соодветствуваат на десетте симфонии кои ги напишал Густав Малер.

Претставата „Алма Малер“ е копродукција меѓу „Арт-маркетинг“ и МНТ. Сценографијата е на Васил Зафирчев, костимите се на Тања Кокев, а изборот на музиката од Малеровите симфонии на Васил Зафирчев и Сашо Димоски.

Би можело да ве интересира

Почина актерот Мустафа Јашар

Светски ден на театарот, бесплатни претстави во Скопје

(ВИДЕО) Српски актер го прекина настапот поради жена која телефонираше: Немам нерви како коњ

Предраг Петровиќ

Во Битола премиера на театарската претстава „Вујко Вања“

Предраг Петровиќ

Премиера на „Петар Пан“ во Струга, средствата од влезниците хуманитарно за Бојан

Ана Ололовска

По повеќе од 30 години прво гостување на македонски театар на сцената на Народниот театар во Албанија

Ана Ололовска