Претстава „Разликите го чинат светот поубав“ во СОС Детско село

Од:

 Во СОС Детското село денеска во коорганизација со ЦИСВ Македонија ќе биде изведена тетарска претстава насловена „Разликите го чинат светот поубав“.

Претставата е крунисување на проектот „Растеме под исто небо, а сепак сме различни“, во кој се вклучија повеќе од 50 деца од двете организации на возраст од 11 до 14 години. Тие низ игра и едукативни активности ги запознаваа меѓусебните разлики, при што, преку различни креативни форми како танц, музика, глума и изразно говорење ќе ги презентираат своите вештини.

Целта на заедничкиот проект е надминување на предрасудите и стигмите во однос на различните етнички групи, запознавање и почитување на меѓусебните религиозни, социјални и културни разлики. Активностите се одвиваа од март до мај оваа година во Скопје и Велес.

Би можело да ве интересира

Почина актерот Мустафа Јашар

Светски ден на театарот, бесплатни претстави во Скопје

(ВИДЕО) Српски актер го прекина настапот поради жена која телефонираше: Немам нерви како коњ

Предраг Петровиќ

Во Битола премиера на театарската претстава „Вујко Вања“

Предраг Петровиќ

Премиера на „Петар Пан“ во Струга, средствата од влезниците хуманитарно за Бојан

Ана Ололовска

По повеќе од 30 години прво гостување на македонски театар на сцената на Народниот театар во Албанија

Ана Ололовска