Претфестивалски настан на Скопје Синема Сити со изложба и настап

Од:

Покрај филмската програма, филмскиот фестивал Скопје Синема Сити најавува и претфестивалска програма, која вклучува изложба на фотографии на истакнати македонски џез-музичари на Татјана Ранташа насловена како „Македонска џез-тетика“.

Како дел од изложбата, свој настап ќе има Квинтетот на Гоце Стевковски.

Татјана Ранташа е реномиран фотограф кој зад себе има над 15 години искуство и тоа најмногу со сценска фотографија. Почнувајќи од 2005 г. таа е официјален фотограф за издавачките куќи како Авалон, Пасворд, МКЦ-концерти, МОТ, Десонанц фестивалот, а денеска е најчесто ангажирана за Оффест и Скопскиот Џез-фестивал, како нивни официјален фотограф.

„Македонска џез-тетика“ е избор од фотографии од различни генерации на македонски џез музичари почнувајќи од Џијан Емин, Гоце Стевковски, Алек Секуловски, па до Симон Киселички, Мишко Парушев и Владан Дробицки, од Трајко Велков, Бојан Шамба, па до Кирил Кузманов, Кирил Туфајхчиев, од Влатко Стефановски, Васил Хаџиманов, па до Тони Китановски, Кокан Димушевски и многу други.

Настапот на Гоце Стевковски со неговиот квинтет е дел од изложбата. Стевковски е основоположник на Здружението на џез-музичари, организатор на бројни музички џез-каравани низ државата, интегрален член на многу антологиски музички состави и е главен промотор на џез-културата во Македонија.

Изложбата и настапот се дел и од филмската џез-програма на фестивалот. Иако фестивалот почнува со филмот за Руичи Сакамото, сепак на програмата се присутни филмови за Blue Note Records: Приказна за современиот џез, Сан Ра: Братот од другата планета, Бил Еванс: Сеќавање на едно време, кратки филмови за Зоран Маџиров и Драган Ѓаконовски Шпато.
Скопје Синема Сити е фестивал за музички документарни филмови и се организира во Кинотека на Македонија од 6 до 10 јуни.

Претфестивалската програма со изложбата и настапот се со слободен влез, на 6 јуни од 19 часот.

Би можело да ве интересира

Филм за Леонард Коен и блок македонски филмови за затворање на 6. издание на Скопје синема сити

Ана Ололовска

Вечерва започнува 6.-то издание на филмскиот фестивал Скопје Синема Сити

Ана Ололовска

Филмови за Њу Ордер, Антон Корбејн и џез вечер на 6. Синема Сити

Ана Ололовска

Бендот „Њу ордер“ и фотографот Антон Корбeјн за отворање на фестивалот Скопје Синема Сити

Ана Ололовска

Четири филма на зимското издание на фестивалот „Скопје синема сити“

„Скопје Синема Сити“ му ја врачи наградата за животно дело на композиторот Филип Глас

Ана Ололовска