Четири филма на зимското издание на фестивалот „Скопје синема сити“

Од:

Четири филма ќе бидат прикажани на зимското издание на фестивалот „Скопје синема сити“ кој ќе се одржува на 5 и 6 февруари во Кинотеката.

Дводневниот фестивал вo среда ќе почне со „Гледајќи го Глас“ за реномираниот композитор Филип Глас, кој денеска полни 83 години и е сè уште активен и како композитор, и како изведувач.

Минатиот месец фестивалот му ја врачи наградата за животно дело на Глас за достигнувања во музиката и филмот.

По тој повод фестивалот ќе го прикаже овој филм за Глас во режија на Ерик Дармон.

Филип Глас е еден од четворицата основоположници на минимализмот – правец во класичната музика кој во 1960-тите и 1970-тите направил револуција во класичната музика.

Зад него е огромен опус кој се состои од голем број симфониски дела, филмска музика, опери, музика за театар, дела за соло инструменти, хорска музика итн.

На првата фестивалска вечер на 5 февруари ќе биде прикажан и филмот „Визијата за рајот на Ли Скреч Пери“ на Фолкер Шанер, посветен на даб реге легендата Ли Скреч Пери.

На 6 февруари ќе бидат прикажани филмовите „Квин: Приказната зад Боемската рапсодија“ и „Постигни или умри: Приказната за пијанистот Ланг Ланг“.

Би можело да ве интересира

Филм за Леонард Коен и блок македонски филмови за затворање на 6. издание на Скопје синема сити

Ана Ололовска

Вечерва започнува 6.-то издание на филмскиот фестивал Скопје Синема Сити

Ана Ололовска

Филмови за Њу Ордер, Антон Корбејн и џез вечер на 6. Синема Сити

Ана Ололовска

Бендот „Њу ордер“ и фотографот Антон Корбeјн за отворање на фестивалот Скопје Синема Сити

Ана Ололовска

„Скопје Синема Сити“ му ја врачи наградата за животно дело на композиторот Филип Глас

Ана Ололовска

Десет музички документарци на петтиот „Скопје синема сити“

Ана Ололовска