Вечерва започнува 6.-то издание на филмскиот фестивал Скопје Синема Сити

Од:

Во дворот на Кинотека на Северна Македонија, вечерва ќе започне 6.-то издание на филмскиот фестивал Скопје Синема Сити со филмот за бендот Њу Ордер, „Декади“. Оваа година Њу Ордер се артисти во фокус на Фестивалот и овој филм е еден вид посвета за бендот.

Организаторите посочија дека секое издание на Скопје Синема Сити го отвора филм за одреден артист, на кого му се посветува изданието и му се доделува Награда за животно дело за заслуги за музиката и филмот. Оваа година тоа се Њу Ордер, на кои Фестивалот им ја испрати наградата во Манчестер. Со филмот „Декади“ на Мајк Кристи ќе започне првиот дел од Фестивалот, односно проекциите на 19 и на 20 септември.

– За време на овој прв дел од Фестивалот, ќе бидат прикажани четири филмови. На 19 септември ќе бидат прикажани филмовите „Њу Ордер – Декади“ и „Антон Корбејн: Изнесено на виделина“, додека на 20 септември која ќе биде всушност џез-вечер, ќе се прикажат филмовите „Го викав Морган“ и „Бил Фрисел – Портрет“. Помеѓу овие два филма, со свој сет ќе настапи реномираниот гитарист Сашо Поповски со соло гитара, информираа организаторите.

Фестивалот е во организација на здружението Номад-Арт Скопје, а визуелните решенија се дело на Дијана Димитриевска. Фестивалот е помогнат од Агенцијата за филм на РСМ и е организиран во соработка со Кинотека на С. Македонија.

Би можело да ве интересира

Исландскиот композитор Олафур Арналдс oсвои награда на фестивалот „Скопје Синема Сити“

Ана Ололовска

„Скопје синема сити“ ќе прикаже филмови посветени на уметниците Олафур Арналдс и Мајлс Дејвис

Ана Ололовска

Дводневен летен филмски настан во склоп на фестивалот „Скопје синема сити“

Ана Ололовска

Филм за Леонард Коен и блок македонски филмови за затворање на 6. издание на Скопје синема сити

Ана Ололовска

Филмови за Њу Ордер, Антон Корбејн и џез вечер на 6. Синема Сити

Ана Ололовска

Бендот „Њу ордер“ и фотографот Антон Корбeјн за отворање на фестивалот Скопје Синема Сити

Ана Ололовска