Филм за Леонард Коен и блок македонски филмови за затворање на 6. издание на Скопје синема сити

Од:

На 2 и 3 октомври ќе се организира вториот филмски викенд во рамките на 6. издание на Филмскиот фестивал за музички документарни филмови Скопје синема сити. Како и првиот викенд, така и овој ќе биде организиран во дворот на Кинотека на С. Македонија.

На 2 октомври, со почеток од 19 часот, ќе бидат прикажани 4 краткометражни македонски филмови, од кои три се анимираните филмови на режисерот Жарко Иванов, зад чија музика е потпишан Оливер Јосифовски од бендот Љубојна: „Кружниот пат на Марето“, „Кружниот пат на сенката“ и „Кружниот пат на монахот“. Премиерно ќе биде прикажан филмот „Гребнатини на душата“ во продукција на Види Вака.

Во филмот се претставува брачна двојка од Холандија која ја поседува најбогатата колекција на македонска музика на светот. Тие посветуваат поголемо внимание на сочувување и собирање на македонското музичко наследство од институциите во државава. Проекциите на овие филмови се бесплатни.

Веднаш потоа, од 20 часот, следи филмот „Модулации: Кино за увото“, којшто е всушност историја на електронската музика, од почетоците на авангардните композитори па сѐ до појавата на современите електронски форми и жанрови како техно, drum’n’bass, хаус, амбиент.

Скопје синема сити се затвора на 3 октомври со филмот „Мериен и Леонард: Зборови за љубовта“ за Леонард Коен и неговата муза Мериен Илен, која инспирирала многу од неговите песни. Филмот ја прикажува нивната бурна врска и животни патишта од почетокот на островот Хидра сѐ до нејзиниот крај.

Исто така, во рамките на фестивалот на 2 октомври со почеток од 18 часот ќе се случи промоција на книгата на Елизабета Баковска „Во главата слушам песна“ во издание на Или Или.

Фестивалот е организиран во согласност со здравствените протоколи.

Карти за проекциите ќе можат исклучиво да се набават на касата на Кинотеката.

Фестивалот е во организација на здружението Номад-Арт Скопје, а визуелните решенија се дело на Дијана Димитриевска. Фестивалот е помогнат од Агенцијата за филм на РСМ и е организиран во соработка со Кинотека на С. Македонија.

Би можело да ве интересира

Исландскиот композитор Олафур Арналдс oсвои награда на фестивалот „Скопје Синема Сити“

Ана Ололовска

„Скопје синема сити“ ќе прикаже филмови посветени на уметниците Олафур Арналдс и Мајлс Дејвис

Ана Ололовска

Дводневен летен филмски настан во склоп на фестивалот „Скопје синема сити“

Ана Ололовска

Вечерва започнува 6.-то издание на филмскиот фестивал Скопје Синема Сити

Ана Ололовска

Филмови за Њу Ордер, Антон Корбејн и џез вечер на 6. Синема Сити

Ана Ололовска

Бендот „Њу ордер“ и фотографот Антон Корбeјн за отворање на фестивалот Скопје Синема Сити

Ана Ололовска