Премиера на претставата „Океанија“ покрај струшкото крајбрежје

Од:

Претставата „Океанија“ во изведба на млади актери од земјава, а во организација на Арт – манија премиерно ќе биде изведена утревер покрај Охридското Езеро во близина на Скаут Камп во Струга.

„Океанија“, како што појаснуваат од тимот, е приказна за мало храбро девојче кое има голема задача: да го спаси целиот океан. Но, за тоа кој ќе и помогне во нејзината авантура, што ќе и го попречува патот и колку е важно да се спаси океанот и островот, екипата ја повикува публиката да ја погледне претставата.

Сценографијата е на уметниците Милко Нестороски, Викторија Попоска и Бојан Секулоски, а е создадена од отпад собран од плажите и езерото во рамки на еко акцијата „Гласот на крајбрежјето“ што Европската куќа-Струга ја спроведе во соработка со здружение „Аква“.

– Креирањето беше еден вид работилница на уметниците. Тие одржаа и посебна работилница со дечиња со посебни потреби, кои исто така креираа дел од сценографијата со отпадот што беше собран во рамки на еко акцијата што ја организиравме, информира Европската куќа – Струга.

Претстава „Океанија“ е поддржана од Министерство за култура, центарот за култура „Браќа Миладинвоци“, Европската куќа – Струга, а во организација на здружението „Арт Манија“.

Би можело да ве интересира

Актерот Сашо Тасевски доби награда за улогата Фестер Адамс во претставата „Фамилијата Адамс“

Во октомври премиера на претставата „Варвари“ во МНТ

Џенкинс: Да ги надминеме традиционалните сценски простори, да се вклучиме во заедниците

Премиера на детската театaрска претстава „Плашливиот Лав“

Предраг Петровиќ

Љутков: На Велес му го враќаме театарот во неговата вистинска институционална форма

Четворица обвинети за изградбата на театарот и библиотеката во Тетово

Горан Наумовски