Премиера на „Отело“ во Народниот театар во Битола

Од:

Народниот театар во Битола вечерва на матичната сцена премиерно ќе ја изведе театарската претстава „Отело“ во режија на гостинот од Словенија, Диего де Бреа.

Во најновиот проект на битолскиот театар ќе настапат Борче Ѓаковски во улогата на Отело, Марјан Ѓоргиевски како Јаго, како и Катерина Аневска, Иван Јерчиќ, Никола Пројчевски, Валентина Грамосли, Петар Горко и Илина Чоревска.

– Прв пат во својата кариера се сретнувам и играм толку комплексен лик. Сцените се компресирани и доминираат само акциите на актерите. Тешко беше да се совладаат барањата на режисерот и мислам дека вложив 200 проценти од мојата енергија, истакна актерот Борче Ѓаковски во пресрет на вечерашната премиера.

Од Народниот театар информираат дека театарската претстава, која што отскокнува според својата естетика, ќе биде составен дел на фестивалската програма на годинашното „Охридско лето“ и второто издание на „Битола Шекспир фестивал“.

Би можело да ве интересира

Почина актерот Мустафа Јашар

Светски ден на театарот, бесплатни претстави во Скопје

(ВИДЕО) Српски актер го прекина настапот поради жена која телефонираше: Немам нерви како коњ

Предраг Петровиќ

Во Битола премиера на театарската претстава „Вујко Вања“

Предраг Петровиќ

Премиера на „Петар Пан“ во Струга, средствата од влезниците хуманитарно за Бојан

Ана Ололовска

По повеќе од 30 години прво гостување на македонски театар на сцената на Народниот театар во Албанија

Ана Ололовска