Премиера на операта „Скендербег“ во Националната опера и балет

Од:

Операта „Скендербег“, која е нарачана за 550 години од смртта на историскиот Ѓерѓ Кастриот и требаше да биде изведена минатата година, премиерата ќе ја има в понеделник (23 декември) во Националната опера и балет и ќе биде прва албанската опера во оваа институција.

Операта е во два чина без пауза. Ќе се пее на албански јазик со превод на македонски, а солистите се Албанци од земјава, Албанија и од Косово. Композитор е Фатос Лумани, режисер Чендрим Ријани, кореограф Артан Ибершини, а диригент Олси Ќинами. Насловниот лик ќе го игра Армалдо Клоѓери.

Композиторот Лумани на прес-конференција денеска рече дека во првиот чин ќе биде опфатен животот на Скендербег во Турција, а во вториот неговото враќање во родната Круја.

На прашањето зошто доцни операта, која беше планирана за 2018-та, Лумани одговори дека не е лесно да се напише опера и се потребни енергија и инспирација за да се испланира секој детаљ, со оглед дека се работи за голем проект во кој се вклучени 140 луѓе.

Приказната е повеќе психолошка отколку историска и е раскажана и низ современ танц на балетски играчи, покрај учеството на солистите и хорот и оркестарот на НОБ.

– Драмата е современа и психолошка, нема национални тенденции. Скендербег во оваа опера никого не убива, само се враќа во родниот крај. Нам ни е задоволство што имавме одлична соработка со НОБ. Операта и музиката немаат јазик, а кога се доаѓа на претстава, најважно е високото ниво на уметноста, рече режисерот Ријани.

За премиерата се вложени 3,5 милиони денари од буџетот за 2019 година. Директорот на НОБ Васо Ристов во интервју за МИА изјави дека засега тоа е единствениот буџет за оваа опера и дека иако аплицирала за Годишната програма за 2018, тогаш не добила средства зашто сè уште не била напишана.

Претставата ќе биде редовно на репертоарот на НОБ. Планирано е де гостува во Тетово, а можеби и надвор од земјава.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Италијанското оперско пеење доби статус на културно наследство на УНЕСКО

Предраг Петровиќ

Концерт „Легендите живеат вечно“ во Македонска Филхармонија

Предраг Петровиќ

Оперската претстава „Турандот“ од Џакомо Пучини во Национална опера и балет

Предраг Петровиќ

Успешен настап на Националната опера и балет во Народниот театар во Белград со „Севилскиот берберин“

Ана Ололовска

Традиционален Гала оперски концерт по повод празникот „Василица“ 2023

Ана Ололовска

„Палјачи“ од Руџеро Леонкавало во Национална опера и балет