Премиера на крими-комедијата „Скандал“

Од:

Во Театар Комедија вечер од 20 часот премиерно ќе биде изведена претставата „Скандал“ во режија на Роберт Ристов и во продукција на „Театар провокација“.

-„Театар провокација“ подготви нова провокативна интерактивна претстава во која публиката има задача да го пронајде убиецот на познатата пијанистка Лена Вагнер. Осомничени се сите присутни во фризерскиот салон…, вели режисерот Ристов, кој ја изработи и сценографијата за претставата.

Според него, се работи за урнебесна крими-комедија од која очекува да биде успешна исто колку и претставата „Првин ќе ме земеш, после ќе ме…“ која трета сезона се игра на сцената на Театар Комедија.

Во улогите ќе настапат Никола Кузелов, Мирјана Поповска-Ристов, Даријан Петров, Јелена Мијатовиќ, Чедомир Митевски, Радо Алексовски. Костимограф е Елена Лука, кореограф – Искра Шукарова.

Би можело да ве интересира

Почина актерот Мустафа Јашар

Светски ден на театарот, бесплатни претстави во Скопје

(ВИДЕО) Српски актер го прекина настапот поради жена која телефонираше: Немам нерви како коњ

Предраг Петровиќ

Во Битола премиера на театарската претстава „Вујко Вања“

Предраг Петровиќ

Премиера на „Петар Пан“ во Струга, средствата од влезниците хуманитарно за Бојан

Ана Ололовска

По повеќе од 30 години прво гостување на македонски театар на сцената на Народниот театар во Албанија

Ана Ололовска