Премиера на филмот „Три во Едно“ од Коле Ангеловски

Од:

Најновото филмско остварување „Три во Едно’’, на режисерот Коле Ангеловски, премиерно ќе биде прикажан вечер од 20 часот, истовремено во Скопје (Кинотека на Македонија) и во Битола  и Струга, а потоа  и низ останатите градови низ Македонија.

Филмот е урнебесна комедија од три различни приказни  на една иста тема „љубов и неверство“. Сценариото и режијата е на Коле Ангеловски, а директор на фотографија е Антонио Божиновски. Во филмот играат Даниела Иваноска, Зоран Иваноски, Андон Јованоски, Марија Спиркоска Илијески, Наташа Наумоска, Марјан Чакмакоски, Јасмина Мицовска Станкоска, Димитар Црцорски, Катерина Чакмакоска, Виолета Чакарова, Владимир Ѓорѓијоски,  Александар Степанулески и Никола Настоски.

Дистрибутер на филмот е КТ Филм и медија од Скопје. 

Би можело да ве интересира

Македонски филмови во мајската програма на Кинотека со фокус на творештвото на Столе Попов

Предраг Петровиќ

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата