Премиера на филмот „Отворена врата“ на ИФФК „Браќа Манаки“

Од:

Во рамките на ИФФК „Браќа Манаки“ вечер од 19 часот премиерно ќе биде прикажан играниот филм од Албанија „Отворена врата“ во режија на Флоренц Папас, во кој земјава е копродуцент заедно со Косово и Италија.

Копродукцијата од македонска страна е на „Авард филм и видео“ со продуцентите Владимир Стојчевски и Горан Стојилковиќ. Како македонски дел од екипата во проектот учествуваат и актерот Висар Вишка, композиторот Александар Пејовски, Фејми Даут како прв асистент на камера, дизајнерот на звук Игор Поповски од студиото „Аудиохаус“, заедно со целосната екипа на секторот звук составена од Ристо Алчинов, Илија Цветковски, Драган Спасов, Ненад Стефаноски и Леотрим Вока.

Светската премиера на филмот беше пред еден месец во главната програма на Сараевскиот филмски фестивал. Филмот е снимен со поддршка на националните филмски центри на Албанија и Косово, како и со поддршка на Еуримаж.

Би можело да ве интересира

Со премиера на „Домаќинство за почетници“ почна Фестивалот „Браќа Манаки“

Лабина Митевска е годинашна добитничка на наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“

Мони Дамевски реизбран за директор на фестивалот „Браќа Манаки“

Претседателот Пендаровски ја додели наградата Златна Камера 300 за животно дело на Ентони Дод Ментл

Ана Ололовска

Златна „Камера 300“ за кинематограферот Јани-Петери Паси од Финска

А1он

Во Битола вечер се доделува златна „Камера 300“ и завршува ИФФК „Браќа Манаки“

Ана Ололовска