Премиера на документарец за култната група „Мизар“

Од:

Краткометражниот документарен филм „Мизар-ѕвезда на надежта“ изработен од студентите на Факултетот за драмски уметности – Скопје вечер ќе биде премиерно прикажан во рамки на „Скопскиот филмски фестивал“ во вечерта посветена на студентски филмови.

Автор на филмот е Марко Џамбазоски студент на катедрата по филмска и ТВ монтажа, кој и самиот е музичар во скопскиот бенд Визија.

Приказната ги обработува почетоците на Мизар и трнливиот пат во кој од обичен гаражен бенд, групата станува една од најзначајните музички состави во историјата на македонската рок-култура.

Во филмот се користени, главно, досега необјавени аудио и видео материјали од бендот, од кои еден дел се демо снимки, а други се земени од архивата на МРТВ. Базиран е на сеќавањето на членовите на Мизар од тој период – Горазд Чаповски, Панта Џамбазоски, Илија Стојановски, Горан Таневски и Слободан Стојков. Во документарецот се опишува и односот на Мизар кон тогашниот политички систем во Југославија и тврдоглавата желба на членовите да донесат промени во општеството, како поголема слобода на мислење и изразување, не само во културата туку воопшто.

Сценариото, монтажата и режијата се на Марко Џамбазоски. Снимател е Александар Ристески, студент на катедрата по филмско и ТВ-снимање.

Премирната проекција е со почеток во 20 часот во киното „Фросина“.

Би можело да ве интересира

Македонски филмови во мајската програма на Кинотека со фокус на творештвото на Столе Попов

Предраг Петровиќ

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата