Премиера на детската претстава „Новогодишен сон“ во Драмски театар Скопје

Од:

Драмски театар Скопје во соработка со студиото за актерска игра „Прва проба“ на 24-ти декември во 13 часот ќе ја одржи премиерата на претставата „Новогодишен сон“. Претставата е наменета за најмладата публика во која талентираните деца актери пред своите врсници ќе ја изведуваат оваа новогодишна претстава.

„Новогодишен сон“ ќе се игра од 24-ти до 30-ти декември на радост на дечињата од повеќе основни училишта.

Автор е Јулијана Мирчевска, а режисер Зоран Љутков. Костимографи на претставата се Раде Василев и Ратка Џамбазовска-Коцев, а автор на музиката Миодраг Неќак.

Улогите ги толкуваат децата од студиото за актерска игра „Прва проба“:

Марко – Матеј Настевски
Сонилија – Нина Симјаноска
Кошмара – Саша Димитриевска
Дремко – Бисера Анѓелков / Михаела Костовска
Спанко – Тео Манев
Мрзло – Ина Прокоповска / Елена Кочарева
Куклата Тина – Миа Живковска / Леа Стојков
Цветното војниче – Милош Тепавац
Месечко – Јанис Далајоргос / Илина Ефремова
Новата Година – Мила Велковска / Летиција Кондратенко

Преку светкавите костими и оригинални сонгови децата – актери ќе направат новогодишен амбиент сите деца во публиката насмеани и среќни, со нетрпение и радост да ја дочекаат Нова 2023 година.

Би можело да ве интересира

Драмски театар Скопје ја именува големата сцена „Ристо Стефановски“

Драмски театар со претставата „Фирма“ гостува во Словенија

Премиера на „Падот на Масада“ во Драмски театар

Драмски театар Скопје со претставата „Мојот маж“ учествува на фестивалот РУТА во Хрватска

Драмски театар Скопје со претставата „Мојот маж“ учествува на фестивалот РУТА во Хрватска

Катерина Ѓуровски

Драмски театар Скопје утре гостува во Приштина

Ана Ололовска