Преку уметноста во борбата со предрасудите, промовирани делата „И јас сум тука“ и „Не престанувајте да се гушкате“

Од:

Делата „И јас сум тука“ и „Не престанувајте да се гушкате“ беа промовирани вчеравечер во Кинотека на Северна Македонија.

За собирањето на приказните и пораките разговараа авторите на книгата со автопортрети „И јас сум тука“, Сребра Ѓорѓијевска и Тоше Огњанов и Ануки Стуруа, менаџер на „Децата не се раѓаат со предрасуди“, a за тоа како се разви партнерството со театарот „Глада Худик“ и како се роди проектот „Никогаш не престанувајте да се гушкате“ зборуваше Ануки Стуруа.

Како што информираше таа, целта на проектот е да се подигне свесноста за луѓето со интелектуални попречености и да се избришат стигмите и предрасудите за овие лица и да им се помогне да се интегрираат целосно во општеството и да се избегнат оние институонализации и изолации коишто се уште се присутни во некои земји.

Ѓорѓијевска истакна дека ја охрабруваат реакциите на публиката во изминатите два дена, на луѓето кои биле вклучени во самиот проект и токму нивната реакција ѝ била најважна.

Огњанов рече дека не очекуваат дека проектот преку ноќ ќе ги смени работите, но, му е драго што поттикнува размислување, поттикнува движечка енергија за да се промени свеста и се надева дека изложбата ќе ја видат други деца и луѓе и ќе поттикне други креативци да се фатат за работа и да направат проект со кој ќе ги уриваат тие бариери.

По промоцијата беше прикажан филмот „Модна ревија: Од Глада Худик до Њујорк“, кој на програмата на Кинотеката ќе се прикаже и на 18 и 19 ноември.

Би можело да ве интересира

Влада: Започнува процесот за креирање на нова Национална стратегија на лицата со попреченост

А1он

Тренчевска: Преку соработката со граѓанските организации обезбедувaме поддршка за сите граѓани​

А1он

(ВИДЕО) Тренчевска: Отворен првиот мал групен дом за лица со попреченост во Велес

Ана Ололовска

УНИЦЕФ ја осудува секоја повреда на правото на децата на квалитетно и инклузивно образование

А1он

Коалиција „Менуваме“: Во Скопје 1,2 отсто пристап за лицата со попреченост

Ана Ололовска

„Сајберкултура“ по повод Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби

Ана Ололовска