Праисториските дами од Македонија на изложба во Виница

Од:

Во рамките на проектот„Музејска ноќ“ кој финансиски е поддржан од Министерството за култура, синоќа во Музејот „Теракота“ во Виница е отворена археолошка изложба на која се презентирани праисториските фигуринки со претстави на жена под наслов „Паристориските дами од Македонија“. Автор на изложбата која беше масовно посетена е Ирена Колиштровска Настева, археолог советник од Музејот на Македонија.

– Овие фигуринки се откриени во текот на изминатите седумдесетина години во многу археолошки истражувања низ Македонија. Хронолошки фигуринките припагаат на перидот на енеолитот и неолитот, односно од 5 до 3 милениум пред нашата ера. Доминираат фигуринките на жена како ритуален обред изработен во глина, во кој ги читаме писмото и говорот на лугето од тоа време, истакна на отварањето на изложбата Колиштрковска Настева.

Отворањето на изложбата се реализира во соработка со Археолошкиот музеј на Македонија, кои ја прифатија поканата да ги преотстапат артефактите од изложбата за да ја реализираме манифестацијата „Музејска ноќ во Виница“, изјави Јулијана Иванова, директор на музејот „Теракота“.

Изложбата „Праисториските дами од Македонија“ во Музејот „Теракота“ ќе биде отворена во наредните десетина дена.

Би можело да ве интересира

Турскиот музеј прогласен за најдобар во светот

Врв на стрела од бронзеното време направен од материјал кој не е од оваа планета

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Тенкови и хеликоптери „војуваат“ во Црвеното Море, фронтот на дното е покриен со корали

Со изложба одбележан Денот на музеите во Штип

Ана Ололовска

По 70 години прво подземно скенирање на наоди во античкиот локалитет „Стибера“ кај Прилеп

Ана Ололовска

Бесплатен влез во МСУ – Скопје по повод Светскиот ден на културното наследство

Ана Ололовска