Повик за избор на автор на домашна порака по повод Светскиот ден на театарот

Од:

Екипата на Македонскиот центар „ИТИ/продукција“ денеска објави повик за избор на автор на домашна порака, по повод Светскиот ден на театарот – 27 март.

Повикот е до театарската заедница во државата – театри, драмски академии, фестивали, организации/независна сцена да предложат театарски уметници, а натамошниот избор-селекција ќе го врши Програмскиот одбор на Македонскиот центар „ИТИ/продукција“.

-Секоја институција, организација е поканета да предложи по еден театарски уметник – актери, режисери, драмски автори, драматурзи, театролози, костимографи, сценографи со име и презиме, фотографија и кратка биографија на предложениот уметник, соопштија од Македонскиот центар.

Предлозите треба да се испратат на мејл адресата „macedoniancenterofiti@gmail.com“, со назнака „За Светскиот ден на театарот 2022“, најдоцна до 15 јануари 2022 година.

Би можело да ве интересира

Почина актерот Мустафа Јашар

Светски ден на театарот, бесплатни претстави во Скопје

(ВИДЕО) Српски актер го прекина настапот поради жена која телефонираше: Немам нерви како коњ

Предраг Петровиќ

Во Битола премиера на театарската претстава „Вујко Вања“

Предраг Петровиќ

Премиера на „Петар Пан“ во Струга, средствата од влезниците хуманитарно за Бојан

Ана Ололовска

По повеќе од 30 години прво гостување на македонски театар на сцената на Народниот театар во Албанија

Ана Ололовска