„(По)трагите на водата- акварел од колекцијата на НГМ“ на изложба во Софија

Од:

Во Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија вечер ќе биде отворена изложба „(По)трагите на водата – Акварел од колекцијата на Националната галерија на Македонија“.

Изложбата ќе презентира избор на дел од уметничките дела изработени во ликовната техника акварел од збирката на НГМ. Избрани се дела од најстарата генерација автори од современата ликовна уметност.

Меѓу авторите на акварелите застапени во колекцијата на Галеријата се Михајло Шојлев, Димитар Аврамовски Пандилов, Киро Караџа, Лазар Личеноски, Вангел Коџоман, Љубомир Белогаски, Василие Поповиќ-Цицо, како и познати имиња од соседните држави кои, покрај сликарството, работеле и акварели – Томислав Кризман, Јован Бјелиќ, Коста Хакман, Петар Лубарда, Предраг Милосављевиќ-Пеѓа, Никола Славин.

– Проектот беше замислен како изложба со патувачки карактер и беше поставена во повеќе градови низ Македонија. Реализирана е во соработка со Дирекцијата за култура и уметност- Скопје, и е во рамките на проектот „Кич, да!?/сте или не/“ поддржан од Министерството за култура, соопшти НГМ.

Гостувањето на изложбата во Софија го поддржува Министерството за култура. Ќе ја отвори директорот на КИЦ на РМ во Софија Васко Шутаров и кураторот на изложбата Елена Георгиевска, кустос во Националната галерија на Македонија.

Бугарската јавност ќе може да ги види акварелите од колекцијата на НГМ до 20 април 2016.

Би можело да ве интересира

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

Во Кавадарци отворена изложбата на скулптури „За послушноста”

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“