Потпишан меморандум за соработка меѓу МОБ и Националната опера и балет од Албанија

Од:

Денеска, во Македонската опера и балет, в. д. Директорот Ќазим Асотиќ оствари работна средба со директорката на Тиранската Национална Опера и Балет, Зана Чела и уметничкиот директор Абигаела Воштина.

На средбата беше потпишан меморандум за соработка помеѓу двете оперски куќи и беше договорена меѓусебна соработка и поддршка, заедничка продукција, како и размена на искуства и знаења во периодот што следува.

Токму на денот кога во рамки на 46. Издание на Мајските оперски вечери, гостува Националниот театар од Сараево, Р. Босна и Херцеговина, плод на меморандумот за соработка што беше потпишан изминатиот месец, потпишиваме уште еден документ со кој ќе ја зацврстиме нашата улога на културен центар на Балканот кој успешно соработува со сите сродни куќи од соседството. Македонската опера и балет и Тиранската национална опера и балет веќе од септември ќе започнат размена на уметници по што се очекува да се направат и договори за поголеми ко-продукциски проекти, велат во писменото соопштение од МОБ.

Би можело да ве интересира

Концерт „Легендите живеат вечно“ во Македонска Филхармонија

Предраг Петровиќ

Оперската претстава „Турандот“ од Џакомо Пучини во Национална опера и балет

Предраг Петровиќ

Пријавата за напад стигнала во МНТ, полицијата апелира на смиреност, евакуирани повеќе институции

Ландов

Полицијата го блокираше центарот на Скопје, неофицијално има дојава за бомба

Ландов

Гала оперски концерт и балет „Болеро“ в петок во НОБ

Ана Ололовска

Гала оперски концерт во НОБ

Ана Ололовска