Поставени портрети на македонските културни работници во Скопје

Од:

Црно – бели портрети на уметници, културни работници и креатори на културна политика, или поддржувачи на културна сцена, се поставени во центарот на Скопје, на фасадите на зградите на улицата Рузвелтова 44a – 46а, 130. Целта е да го свртат вниманието на општата јавност кон културата и уметноста, како неискористен потенцијал на општеството.

Оваа акција е дел од глобалната платформа „Inside Out“, во Скопје, а е именувана како „Нека светлината од уметникот се одрази врз целата заедница“ со цел да пренесе неискажани ставови на домашните културни дејци.

Според Максим Ристевски, член на тимот, акцијата порачува дека ако не ги поддржиме уметниците, ќе продолжиме да го жртвуваме креативното и инспиративното, на олтарот на прозаичната политичка реалност со сѐ поограничени можности, веќе полна со ќорсокаци.

-Зашто на работата на уметниците предолго се чувствува одекот од ставот на општеството: Овде е бесмислено да се вложува во култура. При што како доказ се користи и малубројната публиката која ги следи случувањата од областа на културата и уметноста, додава Ристевски.

„Нека светлината од уметникот се одрази врз целата заедница“ во Скопје ја иницираат Весела Моловска и Марија Коробар, кои нашите 130 личности, ги приклучуваат на веќе портретираните 400 000 лица од 138 земји низ светот. Глобалната платформа „Inside Out“, на францускиот уметник ЏР (JR) веќе им помага на поединците и заедниците да изразат став во општеството, преку групна акција, со прикажување на црно-бели портрети од големи размери на јавни површини, видливи за јавноста.

-Во моментов ситуацијата е таква што европските фондови се главен извор на финансирање и многу често се влегува во различни програми и партнерства за кои е потребно да бидат исполнети низа услови, со што се поставува прашање на целосен интегритет на уметникот. Голем дел од квалитетните уметници кај нас не можат, ниту сакаат да функционираат на овој начин, со што се изоставени од целата приказна, посочува Коробар.

Скопската „Inside Out“ почна вчера и ќе трае до крајот на месецот. Како дел од проектот е создавање на документарен филм со кој покренатите прашања ќе имаат поголема трајност.

Би можело да ве интересира

Криминална мрежа која фалсификува познати уметнички дела е откриена во Италија

Музички времеплов со српски уметници на „Охридско лето“

Пазарна ќе го затвори „Сити мол“ ако се повтори бенд во живо да ги забавува посетителите

Маја Илиевска-Пачемска

Групна изложба на македонски уметници во амбасадата на Македонија во Вашингтон

А1он

За 4 часа уметниците собраа 3000 евра и денеска продолжува хуманитарната изложба за настраданите од поплавата

Емир Латифовиќ