Поезија од Јовица Тасевски-Етернијан во ирско списание за литература

Од:

Поезија од Јовица Тасевски-Етернијан, заедно со био-библиографија, е објавена во познатото ирско списание за литература „Галвеј ривју“ (The Galway Review) во рубриката „Најдоброто овој месец“ (Best of the Month).

Во објавениот прилог се нагласува дека песните на Етернијан се „исполнети со впечатливи слики кои создаваат метафизичка атмосфера“.

Списанието се објавува на интернет и периодично се издаваат печатени антологии. Најновата антологија на „Галвеј ривју“ беше промовирана деновиве во Националниот универзитет на Ирска, во рамки на Интернационалниот книжевен фестивал што се одржува континуирано повеќе од три децении, а промотор беше актуелниот пратеник и поранешен министер Ејмон О’Кив. Освен поезија, во списанието се објавуваат и прозни дела, драми и критички осврти.

Ова е второ претставување на поезијата на Етернијан во ирската книжевна периодика. Претходно негови песни беа објавени во реномираното ирско списание за литература „Ривајвл“, кое го издава Книжевниот центар од Лимерик.

Јовица Тасевски-Етернијан е автор на шест поетски книги, а неговата поезија е преведена на дваесетина јазици и објавена е во списанија и антологии во околу триесет држави.

Би можело да ве интересира

Младата поетеса Ивана Јовановска ќе учествува на Саемот на книга во Лајпциг

Предраг Петровиќ

Трет Скопски поетски фестивал

Предраг Петровиќ

Промовирана стихозбирката „Ризница” од Мира Георгиевска

Реномираното меѓународно списание „Версвил“ објави тематски број „Поезија од Македонија“

Даниела Андоновска-Трајковска е добитник на романската награда за поезија „Михаи Еминеску“

Предраг Петровиќ

Промоција на стихозбирката „Куќа во куќа“ од Гордана Михаилова-Бошнакоска

Ана Ололовска