Поетската ноќ во Велестово од 15. до 18. август

Од:

Дваесет и шестото издание на Поетската ноќ во Велестово ќе се одржи од 15 до 18 август. Ќе учествуваат десетина поети, критичари  и уметници од Македонија, Република Ирска, Словенија и Црна Гора.

Традиционалната Поетска ноќ во Велестово годинава ќе биде посветена на поезијата на академик Катица Ќулавкова, за нејзиното творештво ќе зборува проф. д-р Владимир Мартиновски, а ќе биде отворена изложба на членови од  Центарот за културен Проток АРТерија од Охрид.

Во рамки на манифестацијата на 16 август во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид ќе се одржи меѓународно поетско читање со Патрик Котер од Ирска, Тања Бакиќ од Црна Гора, Зоран Јакимоски од Македонија и Барбара Погачник од Словенија.

Исто така, во рамки на манифестацијата за 18 август во библиотеката „Григор Прличев“ во Охрид е предвидена промоција на три поетски книги во издание на ПНВ публикации  од Скопје.

Би можело да ве интересира

Младата поетеса Ивана Јовановска ќе учествува на Саемот на книга во Лајпциг

Предраг Петровиќ

Трет Скопски поетски фестивал

Предраг Петровиќ

Промовирана стихозбирката „Ризница” од Мира Георгиевска

Реномираното меѓународно списание „Версвил“ објави тематски број „Поезија од Македонија“

Даниела Андоновска-Трајковска е добитник на романската награда за поезија „Михаи Еминеску“

Предраг Петровиќ

Промоција на стихозбирката „Куќа во куќа“ од Гордана Михаилова-Бошнакоска

Ана Ололовска