Поетри слем во ДПМ

Од:

Во Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) денеска ќе се одржи Поетри слем на кој ќе настапат претставници на младата бит генерација која во нашиот книжевен простор се повеќе го привлекува вниманието на литературната јавност.

Поетри слемот ќе го води Елена Пренџова, а ќе настапат поетите Никола Илијовски, Билјана Т. Димко, Бобан Богатиновски, Марина Мијаковска, Афродита Николова, Игор Трпче, Драгица Здравеска, Ристе Иракоски, Перо Сарџоски, Цветанка Колева, Габриела Станоеска, Ивана Стојковска, Димитри Соле Љубин, Дамијан Каранфилов, Џенк Ејуп, Исидор Јованоски и Андреј Ал-Асади.

Со оваа средба ДПМ ја отвора можноста за презентација на новите алтернативни поетски движења во духот на коегзистенцијата на различни книжевни идеи со заемни надополнувања и со отворен интерес едни кон други.

Би можело да ве интересира

Учество на македонски писатели на фестивалот „Словенска слова” во Црна Гора

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска