Подготовки за две нови претстави во Драмски театар

Од:

Во Драмски театар – Скопје започнаа подготовките за две нови премиерни изведби.

Како што соопштија денеска од Драмскиот театар – Скопје првата претстава е дело на светски познатиот ирски драматичар Мартин Мек Донах „Приказна за човекот без рака” во режија на Синиша Ефтимов.

Во актерската екипа за оваа претстава се Игор Стојчевски, Филип Трајковиќ, Рубенс Муратовски и Сашо Тасевски. Премиерата е најавена за 21 април, денот кога Драмски театар ќе прослави 69 години од своето постоење.

– На  25 февруари започна првата проба на праизведбата на современиот македонски драмски текст „Безљубни” од Благица Секулоска, во режија на Златко Славенски. Оваа претстава ќе се потпре на младите актерски сили на Драмскиот театар: Сања Арсовска, Димитрија Доксевски, Златко Митрески, Александар Степанулески и за прв пат на сцената на Драмскиот театар како гостин настапува Наташа Петровиќ, се додава во соопштението од Драмски Театар – Скопје. 

Би можело да ве интересира

Почина актерот Мустафа Јашар

Светски ден на театарот, бесплатни претстави во Скопје

(ВИДЕО) Српски актер го прекина настапот поради жена која телефонираше: Немам нерви како коњ

Предраг Петровиќ

Во Битола премиера на театарската претстава „Вујко Вања“

Предраг Петровиќ

Премиера на „Петар Пан“ во Струга, средствата од влезниците хуманитарно за Бојан

Ана Ололовска

По повеќе од 30 години прво гостување на македонски театар на сцената на Народниот театар во Албанија

Ана Ололовска